Во текот на денешниот ден на територијата на Македонија биле регистрирани шест пожари на отворен простор, од кои еден сè уште е активен, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според последните информации до 18:00 часот, активен останува пожарот во атарот на селото Војница, во Општина Чашка, каде што е зафатена борова шума.
Во меѓувреме, надлежните служби успеале целосно да изгаснат пет пожари. Тие биле регистрирани во атарите на селата Глуво (Општина Чучер Сандево), Талашманце и Железница (Општина Кратово), Вашарејца (Општина Могила) и Дебреште (Општина Долнени).
Во овие пожари биле зафатени мешана шума, ниска вегетација и депонии.
Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и работат на локализирање на активниот пожар во Општина Чашка.






