Божиќната прослава во италијанското место Сетимо Торинезе се претворила во трагедија кога 47-годишен маж починал од гушење со традиционалниот колач панетоне, објави италијанскиот весник Corriere della Sera.
Несреќата се случила во домот на неговите родители, каде семејството го славело Божиќ. Исплашените членови на семејството веднаш се обиделе да му помогнат и повикале брза помош.
И покрај тоа што лекарите пристигнале за само неколку минути, за жал, за животот на 47-годишникот било предоцна и можеле само да констатираат смрт. На терен излегле и карабинерите, како и судски лекар, а смртта официјално е прогласена за несреќен случај предизвикан од задушување.
















