Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 29-годишен жител на Дебар поради сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста“.
Според информациите од СВР Охрид, пријавениот А.Љ. на 29 мај околу 23 часот на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот.
По преземените мерки од полицијата, тој бил пронајден и лишен од слобода, при што физички нападнал полициски службеници.
Дополнително било утврдено дека немал положено возачки испит, а по извршеното алкотестирање кај него биле измерени 2,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.






