Во Гостивар и гостиварско на 08.05.2026 година, во периодот од 14:30 до 19:00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле од слобода три лица по спроведена акција поврзана со недозволени супстанции и оружје.
Станува збор за Е.А. (24) и Д.Ш. (24), кои биле приведени во Гостивар, како и Л.Г. (20), кој бил лишен од слобода во селото Долна Бањица, гостиварско.
При контрола кај лицето Е.А. биле пронајдени и одземени мобилен телефон и предмети со траги од наркотична дрога, што укажувало на можна поврзаност со нелегални активности.
По наредба на Основниот суд во Гостивар, полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на Д.Ш. При оваа акција биле откриени повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага за мерење, како и парични средства во различни валути и апоени, за кои се сомнева дека се поврзани со продажба на дрога.
Дополнително, со судска наредба бил извршен претрес и во домот на Л.Г. во селото Долна Бањица, каде биле пронајдени ќеси со марихуана, како и малокалибарска пушка со рамка со четири куршуми.
Сите тројца се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.






