ПРВ.мк
Црна Хроника

46-ГОДИШНИК ПРЕЖИВЕАЛ ХОРОР: „Ме нападнаа со тврд предмет”

46-ГОДИШНИК ПРЕЖИВЕАЛ ХОРОР: „Ме нападнаа со тврд предмет”

Четириесет и шестгодишен жител на Скопје пријавил дека бил физички нападнат од две лица на подрачјето на скопската општина Кисела Вода. Според пријавеното, во нападот бил употребен и тврд предмет.

Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје на 17 октомври, во 5:25 часот наутро.

Надлежните полициски службеници преземаат мерки за расчистување на настанот, утврдување на сите околности под кои се случил нападот и откривање на останатите детали поврзани со случајот.