ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Исчезна жена во Скопје – Семејството очајно бара помош

(ФОТО) Исчезна жена во Скопје – Семејството очајно бара помош

Во Скопје е пријавено исчезнување на повозрасна жена, што предизвика загриженост кај семејството и јавноста.

Според информациите, жената последен пат била видена околу 15:15 часот во дворот на училиштето Петар Поп Арсов. Од тој момент ѝ се губи секаква трага.

Нејзиниот син преку апел до јавноста бара помош за нејзино пронаоѓање. Тој наведува дека жената била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели пруги, како што е прикажано на фотографијата која ја споделил.

Семејството ги повикува сите граѓани кои можеби ја забележале или имаат каква било информација да се јават веднаш. Даден е и контакт телефон за пријава, а се апелира и случајот да се пријави во полиција.

Надлежните служби се очекува да преземат активности за пронаоѓање на жената, додека блиските се надеваат на брза и позитивна разврска.

Секој информација може да биде од клучно значење, па се апелира до јавноста за внимателност и соработка.