Српски државјанин е приведен откако бил фатен како управува автомобил со екстремно висока брзина на автопатот Скопје–Гевгелија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Гевгелија при редовна сообраќајна контрола со радар измериле дека 60-годишниот возач управувал „БМВ“ со српски регистарски таблички со брзина од дури 221 километар на час.
Прекршокот бил констатиран кај местото Милетково, на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.
По утврдувањето на прекршокот, возачот бил лишен од слобода, а неговото возило било одземено. Тој е задржан во полициска станица до завршување на постапката.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските прописи.






