Руската војска извршила дронски напад врз градот Запорожје, при што директно било погодено породилиште, соопшти началникот на Запорошката област, Иван Федоров. Нападот предизвикал паника и хаос, а првичните информации говореа за повредени лица во медицинскиот објект.
„Русите нападнаа породилиште во Запорожје. Две лица веќе се повредени“, напиша Федоров во објава на социјалната мрежа Телеграм, нагласувајќи ја сериозноста на нападот и фактот дека цел била здравствена установа.
Набргу потоа, надлежните информираа дека бројот на повредени значително се зголемил. Според последните податоци, најмалку шест лица се здобиле со повреди како последица на нападот со дрон.
Секретарката на Градскиот совет на Запорожје, Регина Харченко, соопшти дека на сите повредени им е укажана медицинска помош, додавајќи дека меѓу настраданите има и жени кои во моментот на нападот биле на лекарски преглед во породилиштето.
„Бројот веќе се искачи на шест лица. На сите им е пружена потребната помош. Меѓу повредените има жени кои биле на преглед во времето на нападот“, напиша Харченко на Телеграм.
Нападот врз медицински објект повторно ја отвори темата за безбедноста на цивилите и здравствените установи во зоните на конфликт, додека локалните власти ја оценуваат ситуацијата и собираат информации за материјалната штета и точните околности под кои дошло до нападот.

















