На 31 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје била пријавена несреќа во двор од куќа во село Глумово, скопско, каде 10-годишно девојче било повредено од заталкано зрно во пределот на ногата.
Повреденото девојче веднаш било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
СВР Скопје соопштува дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите околу инцидентот.

















