ПРВ.мк
Црна Хроника

ДЕТСКИ ПЛАН ЗА ГРАБЕЖ: Деца со ножици ѝ се заканувале на работничка и ограбиле аптека

ДЕТСКИ ПЛАН ЗА ГРАБЕЖ: Деца со ножици ѝ се заканувале на работничка и ограбиле аптека

Во самиот центар на Белград денеска околу 11 часот се случила грабеж во аптека на улицата „Краља Милана“, каде двајца сторители, според неофицијалните информации, со закана со ножици од вработената побарале пари.

Според првичните информации, станувало збор за две малолетни лица на возраст од околу 12 години. Тие, наводно, ѝ се заканиле на работничката со ножици, по што од касата одзеле околу 10.000 српски динари и избегале во непознат правец.

За среќа, вработената во аптеката не била повредена при инцидентот.

Објектот има видео-надзор, кој го снимил настанот. Полицијата интензивно работи на случајот, ги проверува добиените информации и трага по лицата кои се сомничат дека го извршиле грабежот.