ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Две девојки прегазени на „Радишанска“ - МВР со детали!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Две девојки прегазени на „Радишанска“ - МВР со детали!

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која две жени беа повредени откако патничко возило „фиат пунто“ ги удрило на улицата „Радишанска“, по што возачот веднаш го напуштил местото на настанот.

Инцидентот се случил вчера во 18:47 часот, а случајот е пријавен во СВР Скопје. Во несреќата учествувале 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје.

Според полициските информации, М.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, додека С.М. поминала со полесни повреди. Двете се згрижени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а полицијата презема мерки за откривање и пронаоѓање на возачот кој побегнал по несреќата.