Индиски државјанин на возраст од 79 години бил пронајден починат во паркот „Жена борец“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 7 јуни 2026 година во 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во паркот има починато лице.
На местото веднаш излегле полициски службеници, при што било утврдено дека станува збор за Х.Р.Г. (79) од Индија.
Извршен бил разговор со Т.М.Л. (43), исто така државјанин на Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле низ паркот, Х.Р.Г. ненадејно паднал. По настанот веднаш била повикана Итна медицинска помош.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со случајот.







