На 17.04.2026 година, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.А. (28) од село Сенокос, гостиварско.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.










