ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ: Голема полициска заплена открива шема со фалсификати - еве колку лица се уапсени!

СКАНДАЛ ВО СКОПЈЕ: Голема полициска заплена открива шема со фалсификати - еве колку лица се уапсени!

Скопска мобилара, увозник на мобилни уреди, се нашла во центар на сериозен скандал откако била откриена шема за криумчарење и замена на запленета стока. Според истрагата, компанијата прво се обидела да внесе „Ејпл“ часовници преку пратка декларирана како „Ејпл таблети“, но при контрола на Меѓународниот аеродром Скопје царинските службеници откриле 20 паметни часовници кои не биле пријавени во документацијата.

Часовниците биле привремено одземени и складирани во безбеден сеф, но истрагата утврдила дека подоцна, со помош на вклучени лица, тие биле заменети со евтини копии. Оригиналните уреди потоа биле изнесени и ставени во продажба преку салон на увозникот.

По налог на јавен обвинител е извршен претрес во просториите на мобиларата, при што повторно се пронајдени оригиналните часовници, чија вредност се проценува на околу 570 илјади денари. Доказите потврдуваат дека станува збор за организирана активност во која биле вклучени повеќе лица.

Против вкупно шест физички и две правни лица се поднесени кривични пријави за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба. Царинските органи наведуваат дека случајот е резултат на детална контрола и истрага спроведена од мобилен тим и одделението за оперативни работи.

Од Царинската управа информираат дека во текот на 2025 година биле извршени над 8.000 контроли и реализирани повеќе од 270 заплени, што покажува засилена активност во сузбивање на криумчарење.