Силното невреме што го зафати Скопје предизвика нов инцидент во општина Аеродром, каде што дрво се откорнало од корен и паднало врз пешачка патека на улицата „Владимир Комаров“, непосредно до детско игралиште.
За среќа, според досегашните информации, нема повредени лица, но паднатото дрво целосно ја блокира патеката и претставува потенцијална опасност за пешаците, особено за децата и родителите кои секојдневно го користат просторот.

Жителите од околните згради очекуваат надлежните служби во најкус можен рок да интервенираат и да го отстранат дрвото. Истовремено, тие апелираат да се изврши проверка и на останатите постари и нестабилни дрвја во околината, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.








