ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВО НА НОЗЕ: Се трага по тројца државјани од Бангладеш - ова е местото каде последно се видени!

ПОЛИЦИЈАТА ВО ТЕТОВО НА НОЗЕ: Се трага по тројца државјани од Бангладеш - ова е местото каде последно се видени!

Случај на исчезнување е пријавен во Тетово, откако три лица – државјани на Бангладеш, кои биле вработени во приватна фирма, се оддалечиле во непознат правец.

Според пријавата поднесена во Полициската станица Тетово на 16 мај 2026 година во 12:20 часот, Б.Р. од село Доброште пријавил дека лицата А.С., А.М. и С.П. се исчезнати.

Како што е наведено, тие имале регулиран престој во земјата и биле ангажирани во приватна фирма во Тетово.

Инцидентот бил забележан кога пријавителот отишол да ги земе за превоз до работното место, но утврдил дека тие претходно заминале без да ги известат одговорните лица во фирмата.

Од надлежните служби се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и утврдување на околностите под кои се оддалечиле.