ПРВ.мк
Црна Хроника

Тепачка поради стан во Карпош – МВР со интервенција

Тепачка поради стан во Карпош – МВР со интервенција

Спор околу стан под закуп прераснал во физичка пресметка на подрачјето на скопската населба Карпош, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот се случил на 15 јуни околу 16:00 часот, кога 75-годишниот Б.Т. од Скопје, заедно со својот внук, дошол пред зградата каде што имал стан под закуп со намера да го раскине договорот.

На местото ги затекнал сопственикот на станот С.К. и претставник на агенција за недвижности, А.Н. Додека се обидувал да ја отклучи влезната врата, Б.Т. пријавил дека С.К. го удрил по раката, по што тој возвратил со метална прачка.

По ова, расправијата прераснала во физичка пресметка, при што, според пријавеното, С.К. и А.Н. физички го нападнале 75-годишниот маж.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.