ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Малолетничка претепана од сопствената мајка и очувот

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Малолетничка претепана од сопствената мајка и очувот

Нов случај на семејно насилство е пријавен во Скопје, откако малолетничка пријавила дека била физички нападната од својата мајка и очув во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по пријавата полициски службеници извршиле службен разговор со мајката и очувот на девојчето.

Како што е наведено во пријавата, малолетничката тврди дека била физички нападната од двајцата, а случајот е пријавен во полиција за понатамошно постапување.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности, по што ќе следуваат соодветни поднесоци доколку се утврдат елементи на кривично дело или прекршок.