ПРВ.мк
Црна Хроника

26-ГОДИШНИК ГО ПРИЈАВИЛ ТАТКО МУ ВО ПОЛИЦИЈА: Му упатувал закани со остар предмет

26-ГОДИШНИК ГО ПРИЈАВИЛ ТАТКО МУ ВО ПОЛИЦИЈА: Му упатувал закани со остар предмет

Педесет и двегодишен тетовец бил приведен откако неговиот 26-годишен син го пријавил во полиција поради закани со остар предмет.

Според информациите од МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово на 14 август, околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ го лишиле од слобода Ш.И. (52) од Тетово.

Претходно, неговиот син А.И. (26) пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет.

По пријавата полицијата интервенирала, а 52-годишниот маж бил приведен и задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.