ПРВ.мк
Црна Хроника

ФИЗИЧКИ НАПАД: Двајца млади претепани од група од околу 20 лица - ова е нивната состојба!

ФИЗИЧКИ НАПАД: Двајца млади претепани од група од околу 20 лица - ова е нивната состојба!

Двајца млади лица од Тетово пријавиле дека биле физички нападнати од поголема група од околу 20 лица, додека се движеле низ градот, информираат од СВР Тетово.

Според пријавата, инцидентот се случил на 14 мај 2026 година околу 23:00 часот на улицата „Ленин“, во близина на мостот на реката Шкумбин, каде групата наводно цртала графити.

Двајцата млади, на возраст од 18 години, забележале група која, според нивните тврдења, упатувала и провокативни зборови на национална основа, по што набрзо биле опколени и физички нападнати.

Во нападот, едно маскирано лице го нападнало пријавувачот М.М., додека друго лице го нападнало неговиот другар Л.Ф.

Пријавувачот идентификувал едно лице од групата, а полицијата веќе презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите вклучени во инцидентот.