Полицијата истражува случај на физички напад врз 15-годишно момче, кој се случил на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јуни околу 19:50 часот од 44-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови врсници.
Според пријавата, инцидентот се случил претходниот ден, на 15 јуни, околу 23:00 часот во Аеродром.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и идентификување на инволвираните лица.








