ПРВ.мк
Црна Хроника

Дете во критична состојба по несреќа – приклучено на респиратор

Дете во критична состојба по несреќа – приклучено на респиратор

Првиот авион на Владата на Србија со повредените во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора слета на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш. Со летот биле пренесени тројца повредени пациенти и еден родител во придружба, кои веднаш биле упатени на лекување во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Ниш.

Директорот на УКЦ Ниш, д-р Милан Лазаревиќ, изјави дека еден од пациентите е тешко повреден и бил транспортиран во лежечка положба, додека останатите биле во стабилна состојба за време на летот.

Во текот на денот е планирано во Србија да бидат префрлени вкупно седум повредени лица, а за транспортот е ангажиран медицински тим составен од 10 лекари од различни специјалности.

Најтешко е состојбата на најмладиот пациент, кој, според директорот на УКЦ Ниш, е животно загрозен и се наоѓа на механичка вентилација. Поради сериозноста на повредите, тој засега не е предвиден за транспорт и ќе остане на лекување во Црна Гора додека неговата состојба не се стабилизира.

Од УКЦ Ниш упатија благодарност до здравствените работници во Црна Гора, истакнувајќи дека повредените добиле навремена и професионална медицинска помош по несреќата што се случи при враќањето на група патници од поклонничко патување во манастирот Острог.