ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Велосипедист прегазен кај Мавровка – МВР со детали!

ИНЦИДЕНТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Велосипедист прегазен кај Мавровка – МВР со детали!

Сообраќајна несреќа се случи во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје, при што патничко возило марка „Фолксваген“ удрило во велосипедист.

Инцидентот предизвика вознемиреност кај минувачите, а засега нема официјални информации за тоа како точно дошло до несреќата.

Од надлежните служби се очекуваат дополнителни детали, како и информации за здравствената состојба на повредениот велосипедист. За моментално, не е познато колку се сериозни повредите, ниту дали лицето е пренесено во болница.

Полицијата ќе изврши увид на местото на настанот за да се утврдат причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.