ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕВЕРОЈАТНО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА: Бремена затвореничка украла полициско возило и побегнала

НЕВЕРОЈАТНО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА: Бремена затвореничка украла полициско возило и побегнала

Американската полиција започна голема потрага по 26-годишната Ребека Тејлор, бремена затвореничка која побегнала од полициската придружба во сојузната држава Ново Мексико, откако украла службено возило.

Според затворската управа, инцидентот се случил додека Тејлор била транспортирана назад во затворот по пренатален медицински преглед.

Во возилото се наоѓала и друга бремена затвореничка, која успеала да излезе од автомобилот.

Полициското возило и затворската униформа на Тејлор подоцна биле пронајдени, но таа сè уште е во бегство.

Тејлор, која е во второто тримесечје од бременоста, се наоѓала во затвор поради повеќе обвиненија за кражби и провали, пренесува Би-би-си.

Граѓаните добија предупредување

По нејзиното бегство, во сите затвори во Ново Мексико привремено бил воведен режим на целосно затворање.

Иако мерката во меѓувреме била укината, во затворот во кој била сместена Тејлор и понатаму важат ограничувања на движењето, а посетите се забранети.

Во потрагата се вклучени повеќе безбедносни служби, а надлежните ги предупредија граѓаните