Дваесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола, по судир меѓу мопед и патнички автомобил.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 10 јули во 18:51 часот на крстосницата меѓу булеварот „1 Ви Мај“ и улицата „Јоргов Камен“.
Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А.К. од Битола, и мопед со битолски регистарски ознаки, кој го управувала 20-годишната Е.А. од Битола.
По несреќата, младата мопедистка со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а се преземаат мерки за целосно утврдување на причините и околностите под кои дошло до сообраќајната несреќа.









