Седумнаесетгодишна девојка од Гостиварско пријавила дека подолг временски период била физички и психички малтретирана и дека добивала закани од нејзиниот невенчан сопруг и членови на неговото семејство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 октомври во Полициското одделение Ростуше.
Малолетничката, во присуство на родител, пријавила дека била изложена на физичко и психичко насилство, како и на закани.
Во пријавата како осомничени се наведени нејзиниот 23-годишен невенчан сопруг И.У., неговата 53-годишна мајка Д.У. и неговата 15-годишна сестра, сите од село во Гостиварско.
Полициски службеници од ПО Ростуше истиот ден ги лишиле од слобода тројцата.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
По завршување на постапката ќе биде поднесена соодветна пријава.









