ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна драма во Свети Николе: Мајка завршила со повреди!

Семејна драма во Свети Николе: Мајка завршила со повреди!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.И. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 април 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата мајка, при што ѝ нанел телесна повреда.

По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Надлежните институции продолжуваат со понатамошно постапување за целосно расчистување на случајот.