ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ ПОПУЛАРНО ЛЕТОВАЛИШТЕ НА ХАЛКИДИКИ – На терен 110 пожарникари

(ВИДЕО) ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ ПОПУЛАРНО ЛЕТОВАЛИШТЕ НА ХАЛКИДИКИ – На терен 110 пожарникари

Голема пожарникарска операција е во тек во близина на Сивири на Халкидики, на полуостровот Касандра, каде што пожар зафати ниска вегетација.

Поради ширењето на огнот бил активиран и грчкиот систем за итно предупредување 112, а Цивилната заштита издала наредба лицата кои се наоѓаат во пошироката област на Сивири да се оддалечат во правец на Мола Калива.

Во предупредувањето се наведува дека во подрачјето има шумски пожар и граѓаните и туристите треба да ги следат инструкциите на надлежните служби.

Пожарникарските сили во меѓувреме се значително засилени. Според последните достапни информации, во гаснењето учествуваат 110 пожарникари, три пешадиски екипи и 33 противпожарни возила.

Во акцијата се вклучени и 12 пожарникари со три возила од Молдавија, кои престојуваат во Грција во рамките на европската програма за помош во справувањето со шумски пожари.

Пожарот избувнал во ден кога за подрачјето на Халкидики е прогласен многу висок ризик од пожари – категорија 4.

Надлежните апелираат сите што се наоѓаат во погодената област да ги следат официјалните известувања и наредбите на Цивилната заштита.

ВИДЕО