ПРВ.мк
Црна Хроника

Кобна несреќа на нива – трактор се превртел, возачот починал на лице место

Кобна несреќа на нива – трактор се превртел, возачот починал на лице место

Педесет и четиригодишен жител на прилепското село Канатларци го загубил животот во несреќа со трактор што се случила во атарот на селото Подмол.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа околу 20:00 часот во СВР Битола, откако на местото бил пронајден превртен трактор што претходно го управувал 54-годишниот М.Т.

Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт на местото на несреќата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.

Надлежните институции работат на утврдување на околностите под кои дошло до превртувањето на тракторот и причините за трагичната несреќа.