ПРВ.мк
Црна Хроника

Ноќна драма во Струмица: Семејство нападнато во сопствениот дом - ова се деталите

Ноќна драма во Струмица: Семејство нападнато во сопствениот дом - ова се деталите

Во Струмица доцна во ноќта е регистриран сериозен инцидент во кој полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен маж од градот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено по претходна пријава дека претходно вечерта во семејниот дом физички нападнало неколку членови од своето семејство – таткото, братот и снаата.

Интервенцијата на полицијата се случила околу полноќ, по што осомничениот бил уапсен и задржан за понатамошна постапка.

За случајот веднаш бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, кој треба да ги утврди понатамошните чекори во постапката.

Истрагата за околностите под кои дошло до инцидентот е во тек, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.