Четириесет и седумгодишен маж е примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот, по што, согласно процедурата, за случајот била известена полицијата.
Според неговата изјава, нападот се случил на Нов Белград додека пешачел по улица. Тој тврди дека непознат маж му пришол без да каже збор и го избодел со нож, по што избегал.
Лекарите констатирале дека повредите се тешки, но дека неговиот живот не е во опасност.
Сепак, српските медиуми пренесуваат дека полицијата се сомнева во веродостојноста на неговата изјава и ги проверува сите околности под кои дошло до повредувањето.
Неофицијално, повредениот ѝ е познат на полицијата од претходно поради кривични дела поврзани со трговија со наркотични средства и недозволено поседување оружје.
Истрагата е во тек, а надлежните работат на утврдување на точните околности и расчистување на случајот.








