ПРВ.мк
Црна Хроника

Смртоносно уривање на карпа на Малта: Загина 26-годишен турист, жена тешко повредена

Смртоносно уривање на карпа на Малта: Загина 26-годишен турист, жена тешко повредена

Трагедија се случи на островот Комино на Малта, каде што 26-годишен турист од Кина го загуби животот откако врз него се урнала познатата карпеста формација „Kissing Elephants“. Неговото тело било извлечено од морското дно по речиси 24 часа интензивна спасувачка операција.

Несреќата се случила во саботата навечер, кога младиот турист и 27-годишна сонародничка се движеле со џет-ски под природниот карпест лак. Во моментот кога поминувале под формацијата, дел од карпата ненадејно се урнал врз нив. Мажот загинал на лице место, додека жената се здобила со тешки повреди и била пренесена на лекување во болница на островот Гозо.

Во близина се наоѓал и 32-годишен турист од САД, кој непосредно пред уривањето скокнал од карпата во морето. Благодарение на брзата реакција на брод што се наоѓал во близина, тој бил извлечен од водата без повреди.

Во сложената спасувачка акција учествувале нуркачки тимови на Цивилната заштита и вооружените сили на Малта. Поради големите карпи што го затрупале местото, прво морале да бидат отстранети со кран поставен на баржа, по што нуркачите успеале да го извлечат телото на загинатиот.

Малтешките власти отворија истрага за причините за уривањето на карпата. Во утврдувањето на сите околности ќе бидат користени и снимки од безбедносните камери поставени во близина на местото на несреќата.