ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна несреќа – Cемафор паднал врз пешак, едно лице загина!

Страшна несреќа – Cемафор паднал врз пешак, едно лице загина!

Тешка сообраќајна несреќа во Нови Сад заврши со трагичен исход, откако едно лице го загуби животот, а друго беше повредено во инцидент на една од градските раскрсници.

Според информациите од истрагата, возачот М.Т. останува во притвор, кој му е продолжен до 6 јуни. Тој е осомничен дека учествувал во сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу два булевара, при што се случил силен судир меѓу две возила.

Од силината на ударот, едно од возилата излетало од коловозот и удрило во бетонска конструкција, при што бил изваден и урнат семафор. Тешката метална конструкција паднала врз двајца мажи кои се нашле во близина на местото на несреќата.

Едниот од нив, 28-годишниот М.М., бил тешко повреден и веднаш пренесен во болница, каде подоцна им подлегнал на повредите. Вториот маж се здобил со полесни повреди и бил згрижен во здравствена установа.

Обвинетиот се товари за тешко дело против безбедноста во сообраќајот, а за случајот е предвидена затворска казна од пет до 15 години.

Во тек е обемна истрага, во која се анализираат безбедносни камери, се сослушуваат сведоци и се вршат вештачења со цел да се утврдат сите околности што довеле до трагедијата.