Денеска на подрачјето на Бит Пазар е приведен 40-годишен холандски државјанин кој бил баран по меѓународна потерница распишана од Холандија.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, по претходно преземени оперативно-тактички мерки, го лишиле од слобода Б.А.С. (40).
Според информациите, лицето се барало поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со илегална миграција, криумчарење мигранти и сексуална експлоатација.
По приведувањето, Б.А.С. бил предаден во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка согласно законските процедури.
Надлежните институции продолжуваат со активностите поврзани со случајот.






