По изборниот пораз од Студентската листа во Србија, вниманието на јавноста повторно се насочи кон Александар Вучиќ, но и кон неговиот приватен живот.
Според хрватскиот портал „24сата“, Вучиќ го признал изборниот пораз, со што неговиот политички блок го загубил мнозинството потребно за останување на власт.
На гласањето во неделата, на избирачко место во Нов Белград, Вучиќ пристигнал во придружба на својата сопруга Тамара Вучиќ.
Тамара е позната по тоа што претежно го држи својот приватен живот подалеку од медиумското внимание, поради што нејзините јавни појавувања често предизвикуваат интерес.
Вучиќ претходно бил во брак
Српскиот политичар пред бракот со Тамара бил оженет со новинарката Ксенија Вучиќ, со која има две деца, Данило и Милица. Ксенија почина во 2022 година.
Со Тамара, Вучиќ има син по име Вукан.
Иако политичката кариера на Вучиќ со години е во центарот на јавноста, неговиот семеен живот поретко е тема на официјални настапи.
По изборните случувања во Србија, појавувањето на Тамара покрај Вучиќ на гласањето повторно го отвори интересот за жената што го придружува во важните моменти од неговата политичка кариера.








