Синоќа, во белградската населба Борча, се случи трагичен инцидент кога жена загина откако паднала од балкон за време на физичка пресметка меѓу нејзиниот сегашен и поранешен партнер.
Според српските медиуми, жената паднала од височина од околу 4 метри и починала на самото место. Полицијата го уапси Д.З. (52) под сомнение за кривично дело семејно насилство, а тој е приведен на 48 часа.
Инцидентот се случил кога Д.З. дошол во домот на својата поранешна партнерка В.С., што довело до расправија. Во еден момент се појавил и сегашниот партнер на жената, Н.Ј. (54), и избила физичка пресметка меѓу двајцата мажи.
Во хаосот кој настанал, жената паднала од терасата и починала. Според извори на српските медиуми, падот бил ненадеен и постојат индиции дека можело да станува збор за случајно лизгање.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, наредена е обдукција на телото, а на Д.З. и Н.Ј. им е направена анализа на крвта во Воено медицинската академија.
















