ПРВ.мк
Македонија

Серија дождливи денови во Македонија: УХМР објави до кога ќе се задржи облачното време

Серија дождливи денови во Македонија: УХМР објави до кога ќе се задржи облачното време
Kristal

Под влијание на влажни воздушни бранови, од утре вечер па сè до понеделник (10.11.) се очекува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со очекувани количини на дожд над 30 литри на квадратен метар во текот на 24 часа.

Денеска времето низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималните температури ќе се движат во интервалот од 11 до 18 степени Целзиусови, додека утринските ќе бидат пониски, особено во котлините и планинските региони.

Граѓаните се советуваат на внимателно движење на патиштата, поради можното создавање на локални водени наноси и поројни дождови.

Escape