ПРВ.мк
Македонија

,,ЖАЛ МИ Е''- Најнова изјава на Цеца за бугарското знаме во Велес!

,,ЖАЛ МИ Е''- Најнова изјава на Цеца за бугарското знаме во Велес!
Kristal

Настапот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ во Велес предизвика бурни реакции во јавноста, особено по веењето на бугарското знаме на концертот.

Во интервју за српските медиуми, Цеца објасни дека знамето ѝ било фрлено од обожавателка и дека тоа го прават фановите во различни земји.

„Огромна чест ми е кога некој ми го дава знамето на својата земја. Го завиткав околу мене и одеднаш се слушнаа свирежи. Не знаев за што станува збор, бев целосно збунета“, рече Цеца.

Таа додаде дека не знаела дека постои толкаво непријателство меѓу земјите:

„Многу ми е жал ако повредив нечии чувства. Апсолутно не ми беше намера, бидејќи не се занимавам ниту со домашна, а камоли со соседска политика. Навистина се трудам да ширам само љубов преку мојата песна, и ова трае веќе 38 години“, изјави пејачката.

Цеца истакна дека на настапот во Велес се случил „вистински делириум“ кога го кренала македонското знаме и дека не сака никој да мисли дека тоа било политички мотивирано.

„Ги почитувам сите чувства кај луѓето – националното знаме, религијата и националноста. Барам моето да се почитува, бидејќи кога не го почитуваш своето, не знаеш како да го почитуваш туѓото“, порача Цеца.

Escape