ПРВ.мк
Балкан

Затворена клиника на „Санте Плус“ во Албанија – Пуштена потерница по сопственикот!

Затворена клиника на „Санте Плус“ во Албанија – Пуштена потерница по сопственикот!

Албанската полиција ја затвори приватната болница „Медикер“, која е дел од здравствената групација „Санте Плус“, по спроведена контрола што открила сериозни нерегуларности во работењето.

Според информациите на ЈОК Албанија, при инспекцијата биле запленети:

  • 100 блокови со нефискализирани сметки,
  • 27 медицински препарати меѓу кои ботокс, филери и материјали за трансплантација на коса,
  • антибиотици и контрастни средства, најголемиот дел со истечен рок на употреба, како „Гадовист“ (рок 2023) и „Рифоцин“ (рок мај 2025).

Во болницата, на пациенти им биле продавани лекови со истечен рок како терапии за спасување, а заработката од речиси 1 милион евра не била пријавена, туку завршувала директно во џебовите на сопствениците. Дополнително, било утврдено дека вработените работеле без социјално осигурување.

Сопствениците, Билал Кара (кој е и почесен конзул на Северна Македонија во Измир) и Герина Арапи, сега се бараат од албанските власти и е распишана меѓународна потерница по нив. Како прикритие, во документите како управител бил наведен друг администратор кој не е поврзан со незаконските активности.

Овој случај ја отвора повторно дебатата за контролата на приватните здравствени установи и важноста на транспарентноста и безбедноста во медицинската пракса.

Escape