Александар Вучиќ е едногласно избран за носител на изборната листа на Српската напредна партија и кандидат за претседател на Владата на Србија, беше соопштено по седницата на Главниот одбор на СНС во Ниш.
Според одлуката на партиското раководство, СНС на претстојните избори ќе настапи со листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, а Вучиќ по гласањето порача дека кандидатурата за него претставува „огромна чест“.
„Сакам убедливо да победиме и Србија да ја туркаме напред, да ги зачуваме Косово и Метохија, нашиот народ, мирот и стабилноста“, порача Вучиќ во говорот пред сопартијците.
Тој најави и сериозни промени во начинот на функционирање на идната влада доколку ја добие довербата. Според неговиот предлог, Владата би требало да има 12 министерства наместо сегашните 31, со поголема одговорност и поефикасна работа на министрите.
Вучиќ рече дека министрите ќе треба почесто да работат и надвор од Белград, да разговараат со граѓаните и да имаат јасно утврдена одговорност за резултатите. Најави и поголеми трансфери за посиромашните општини и посебна развојна програма за шест окрузи на југот на Србија.
Говорејќи за Ниш, Вучиќ тврдеше дека бројот на невработени во градот е намален од 36.000 во 2012 година на околу 15.000 денес, додека бројот на вработени пораснал од 70.000 на 91.000. Тој најави изградба на ново породилиште, завршување на студентски дом и рече дека се водат разговори со шест компании за потенцијални нови фабрики.
Значителен дел од говорот беше посветен и на политичките противници, протестите и актуелните поделби во српското општество. Вучиќ ги повика членовите и симпатизерите на СНС да избегнуваат насилство и порача дека изборната кампања треба да се води преку разговор со граѓаните.
На седницата во Ниш поддршка за кандидатурата на Вучиќ изразија и претседателот на СНС Милош Вучевиќ, Ана Брнабиќ и други високи функционери на партијата.
Вучиќ воедно најави дека во периодот по распишувањето на изборите планира да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија, по









