ПРВ.мк
Балкан

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Воведени итни мерки по ширењето на африканската свинска треска, убиени над 11.500 свињи!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Воведени итни мерки по ширењето на африканската свинска треска, убиени над 11.500 свињи!

Српските власти воведоа итни мерки за справување со африканската свинска треска, откако заразата се прошири во повеќе делови од земјата. На состанок на државниот врв била разгледана актуелната состојба и биле договорени дополнителни активности за спречување на натамошното ширење на болеста.

Според официјалните информации, инфекцијата досега е регистрирана во 18 општини, а како дел од мерките за контрола на заразата биле еутаназирани повеќе од 11.500 свињи.

Министерот за земјоделство, Драган Гламочиќ, истакна дека африканската свинска треска не претставува опасност за луѓето и не се пренесува на човекот. Сепак, тој најави дека ќе следуваат построги казни за сите кои нема да ги почитуваат пропишаните мерки или ќе придонесат за ширење на инфекцијата.

Од почетокот на годината, според податоците на надлежните институции, околу 25.000 свињи угинале или биле еутаназирани поради болеста и превентивните активности. Најпогодени се Сремскиот и Мачванскиот округ, како и подрачјето на Обреновац, каде што ветеринарните служби спроведуваат засилени контроли.

Во справувањето со кризата се вклучени и други државни институции, а српското државно раководство ги координира понатамошните активности во соработка со армијата и полицијата, со цел да се спречи дополнително ширење на заразата.

Во меѓувреме, локалните самоуправи и ветеринарните служби апелираат до одгледувачите строго да ги почитуваат мерките за биолошка безбедност. Тие препорачуваат да се ограничи бројот на лица кои имаат пристап до фармите и животните, како и веднаш да се пријави секоја промена во здравствената состојба на свињите кај надлежните ветеринарни служби, бидејќи навремената реакција е клучна за спречување на понатамошно ширење на болеста.

Најнови вести