ПРВ.мк
Балкан

Волк се обиде да зграпчи 5-годишно девојче од Србија на плажа во Грција – мајката и минувач спречија хорор сцена

Волк се обиде да зграпчи 5-годишно девојче од Србија на плажа во Грција – мајката и минувач спречија хорор сцена

Ужасна случка се одиграла во петокот на плажа кај Неос Мармарас, Грција, каде што волк нападнал петгодишно девојче од Србија.

Мајката, Ирена Пеиќ, раскажува дека нејзината ќерка си играла на песокот кога одеднаш забележале волк кој се приближил директно кон нив. Животното се нашло лице в лице со детето и се обидело да ја зграпчи за половината.

„Ја грабнав ќерка ми и почнав да трчам. Еден човек почна да фрла со камења и волкот падна во морето. Благодарение на тоа успеавме да избегаме“, сведочи Ирена.

Но, хоророт не завршил тука – волкот излегол од водата и скокнал во дворот на апартманот каде што семејството било сместено. Неколку лица со стапови и камења го истерале, по што нападот бил конечно спречен.

Девојчето поминало со мала гребнатинка на грбот, но било прегледано во болница и примило вакцини и антибиотици.

Мајката истакна дека трагедијата е избегната благодарение на херојската реакција на минувачот кој со камења го одвратил волкот и ѝ овозможил да ја спаси својата ќерка.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape