ПРВ.мк
Балкан

Внимавајте што нарачувате преку Инстаграм: Плаќале за облека што никогаш не ја добиле

Внимавајте што нарачувате преку Инстаграм: Плаќале за облека што никогаш не ја добиле

Полицијата во Србија уапси 27-годишна девојка од Пожаревац под сомнение дека преку Инстаграм измамила повеќе лица нудејќи им изработка на облека по мерка.

Според полицијата, осомничената М.Ѓ. преку свој профил на Инстаграм рекламирала и нудела изработка на различни парчиња облека по мерка.

Заинтересираните купувачи стапувале во контакт со неа и уплаќале одредени суми пари за нарачките. Меѓутоа, откако ги добила парите, таа наводно го изгасила профилот на Инстаграм.

Полицијата се сомнева дека на овој начин довела во заблуда повеќе лица со намера противправно да стекне имотна корист.

По налог на Основното јавно обвинителство во Пожаревац, 27-годишната жена е уапсена поради сомнение дека сторила кривично дело измама.

Одредено ѝ е задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведена пред надлежното обвинителство.