ПРВ.мк
Балкан

Ова е најчудната зграда: Туристите во неверување – „Како да е составена од киндер јајца“

Ова е најчудната зграда: Туристите во неверување – „Како да е составена од киндер јајца“

Златибор и ова лето е преполн со туристи, но покрај природата, туристичките атракции и бројните угостителски објекти, вниманието на посетителите го привлекува и една мошне необична недовршена зграда во центарот.

Фотографии од градбата и претходно се ширеа на социјалните мрежи и предизвикуваа бројни коментари, а нејзиниот изглед повторно ги зачуди туристите кои летово престојуваат на една од најпопуларните планински дестинации во Србија.

Зградата има необична архитектура, а според посетителите, впечатокот дополнително го влошува фактот што објектот сè уште не е завршен и очигледно подолго време нема поголеми промени.

„Оваа зграда изгледа како некој невешто да ја составувал од киндер јајца. Одамна е тука, работите очигледно запреле и навистина го нагрдува центарот на планината. Привлекува огромно внимание бидејќи едноставно не можете да не ја забележите“, изјавил еден турист за РИНА.

Необичниот објект повторно ја отвори и старата дебата за интензивната урбанизација на Златибор. Планината во изминатите години значително го промени својот изглед со изградбата на голем број хотели, апартмани и други туристички објекти.

Иако често може да се слушнат критики дека Златибор е „пребетониран“, според податоците наведени во српските медиуми, површината покриена со објекти и згради изнесува околу два проценти од вкупната површина.