ПРВ.мк
Балкан

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА: Стравична несреќа на овој патен правец - има жртви!

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА: Стравична несреќа на овој патен правец - има жртви!

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава на 123-тиот километар од националниот автопат Атина–Ламија, во близина на местото Мартино, кај Кастро во областа Беотија, при што животот го загуби еден возач, а сообраќајот е целосно во прекин во двата правци.

Според првичните и подетални информации од терен, несреќата се случила кога товарен камион што го управувал државјанин на Бугарија изгубил контрола, ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивната насока од автопатот. Возачот на вториот камион се обидел со маневар да го избегне директниот судир, но за жал не успенал.

Како резултат на силниот удар, едниот камион се превртел покрај патот, додека другиот ја минал бетонската банкина и во целост бил зафатен од пламен, при што целосно изгорел. Во превртениот камион, возачот затекнат без знаци на живот бил извлечен мртов, додека во вториот камион што изгорел се наоѓале две лица, од кои едното здобило повреди.

На местото на несреќата брзо интервенирале екипи на пожарникарната служба, полицијата и Итната медицинска помош. Поради размерите на несреќата и расфрланите делови, автопатот е целосно затворен за сообраќај кај Кастро во двата правци, а сообраќајната полиција воведе принудни пренасочувања на возилата кон алтернативни патни правци додека траат уводот и расчистувањето на теренот.