ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ВО ХРВАТСКА КАКО ВО ВОЕНА ЗОНА: Ова се најјезивите снимки од пеколот!

(ВИДЕО) ВО ХРВАТСКА КАКО ВО ВОЕНА ЗОНА: Ова се најјезивите снимки од пеколот!

За само два часа синоќа, голем пожар кај Омиш во Хрватска голташе делови од градот и зад себе остави изгорени десетици куќи и автомобили. Повредени се речиси 40 луѓе, од кои десет се наоѓаат на интензивна нега, а повеќе од 200 лица се евакуирани, додека противпожарните екипи со часови се бореа против стихијата која доби уште поголема моќ поради силниот ветер.

Според зборовите на заменикот-градоначалник на Омиш, Иван Пивчевиќ, штетата е огромна. Изгореле десетици возила на Јадранската магистрала, како и многу куќи и тврдината Фортица. Сообраќајот на таа делница е во прекин.

Пожарот, кој изби во Локва Рогозница кај Омиш во четвртокот вечерта во 20:21 часот, за само два часа силно се разгоре, а огнот во текот на ноќта стигна и до самиот центар на градот.

Според последните информации, пожарникарите успеале да ја стават ватрата под контрола. Размерите на катастрофата можат да се видат на фотографиите и драматичните снимки кои ги преплавија социјалните мрежи и медиумите.

„За среќа, според информациите со кои располагаме во моментов, нема загинати ниту повреди за кои знаеме дека би оставиле трајни последици“, изјави Пивчевиќ за Слободна Далмација.

Информациите од терен сè уште се прибираат, а вистинските размери на материјалната штета ќе бидат познати дури откако пожариштето целосно ќе се стави под контрола и ќе се овозможи обиколка на сите погодени населби.

Почна состанок на штабот, пристигна и Пленковиќ

Повод големиот пожар во Омиш, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, заедно со министрите пристигна во Омиш каде во хотелот „Плажа“ започна состанокот на кризниот штаб со главниот противпожарен командант, жупанот и градоначалникот.

Премиерот и министрите Томо Медвед (бранители), Давор Божиновиќ (внатрешни работи), Ирена Хрстиќ (здравство) и Тончи Главина (туризам и спорт) одржуваат состанок со главниот противпожарен командант Славко Туцаковиќ, жупанот Сплитско-далматински Блаженко Бобан, градоначалникот на Омиш Звонко Мочиќ и претставници на противпожарната заедница, цивилната заштита, полицијата и КБЦ Сплит.

Сателитски снимки ги открија размерите на пожарот

На фејсбук-страницата Vatrogasci 193, противпожарните служби објавија фотографии од воздух од големиот пожар. Снимките покажуваат огромни размери на подрачјето зафатено со оган долж брегот и во внатрешноста.

Пожарникарите цела ноќ го гаснеа пожарот и ги бранеа куќите, додека голем број жители и туристи беа евакуирани од загрозената зона.

Сателитскиот систем OroraTech во текот на ноќта забележа голем број жаришта на подрачјето на Локва Рогозница. Првата сателитска детекција е евидентирана синоќа во 20:38 часот преку сателитот Meteosat-12. До 23:41 часот системот регистрираше кластер со дури 200 жаришни точки.

На мапата се гледаат голем број точки на поширокото подрачје меѓу брегот и унатрешноста, вклучително и кон Свинишќе, Кучиќе и Подашпиље, како и над крајбрежниот појас кон Мимице.

Огнот изби синоќа, за два часа настана пекол

Хрватската противпожарна заедница извести дека дојавата за пожар на отворен простор на подрачјето на Локва Рогозница била примена во четвртокот во 20:15 часот.

Зафатени се трева, ниска вегетација и борова шума. Огнот изби во непосредна близина на објекти и брзо се ширеше поддржан од силниот ветер, стигнувајќи до куќите за само два часа.

„Поради временските услови кои погодуваат избивање пожари, а посебно поради силниот ветер на крајбрежјето, ги повикуваме граѓаните на претпазливост. Потсетуваме на забраната за палење оган во природа. Во случај на пожар веднаш повикајте ги противпожарните служби на 193“, апелираа службата.

Еден од најтешките пожари во историјата на Хрватска

Главниот противпожарен командант Славко Туцаковиќ изјави дека во пожарот кај Локва Рогозница и Омиш изгореле бројни куќи, автомобили и чамци и дека штетата е огромна. Отворена огнена стихија повеќе нема и се преминува кон догаснување.

„Зад нас е исклучително тешка ноќ, имавме компликувана ситуација на подрачјето од Локва Рогозница до Омиш. Противпожарните авиони се веќе на локацијата и делуваат. Ова е еден од најтешките пожари во историјата на Хрватска“, истакна Туцаковиќ.

Командантот на Доброволното противпожарно друштво, Вишеслав Пешиќ, го спореди пожарот со минатогодишните кај Писак и Марушиќи:

„Историјата се повторува. Но ова беше многу полошо од тоа што го доживеавме во Писак. Ова беше вистински Армагедон“, порача Пешиќ.

ВИДЕО