Синоќа, на протест пред зградата на Владата во Тирана, избија судири меѓу албанската полиција и демонстрантите. Протестот го организираше основачот и лидер на политичкото движење „Албанија станува“, Адријатик Лапај.
Поддржувачите на Лапај фрлаа брашно пред канцеларијата на премиерот Еди Рама, како симбол на, како што тврдат, „влада заробена од дрогата“. Дел од брашното беше фрлано и кон полициските службеници, објави албанската телевизија A2.
Инцидентот предизвика краткотрајни судири, но засега нема информации за повредени.

















