ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Се преврте автобус - еден загинат и 40 повредени!

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Се преврте автобус - еден загинат и 40 повредени!

Едно лице го загуби животот, а најмалку 40 други се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Каман–Анкара, во близина на турскиот град Кирикале. Несреќата предизвика голема интервенција на спасувачките служби, кои веднаш пристигнаа на местото на настанот.

Според првичните информации, по несреќата возачот на автобусот бил приведен, а надлежните институции започнале истрага за утврдување на сите околности што довеле до трагичниот инцидент.

Меѓу повредените има и тројца патници со тешки повреди. Сите повредени биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во болниците во регионот, каде што им е укажана неопходна лекарска грижа.

На местото на несреќата интервенирале екипи на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), противпожарната служба, здравствени тимови, жандармеријата и полицијата, кои учествувале во спасувањето на патниците и обезбедувањето на теренот.

Гувернерот на Кирикале, Хусеин Енгин Сарибрахим, изјави дека во несреќата биле повредени 38 патници, двајца возачи и еден помошник во автобусот.

Според неговите првични информации, коловозот бил исклучително лизгав поради првиот утрински мраз, што најверојатно придонело автобусот да изгуби контрола и да се преврти. Тој уште еднаш апелираше сите патници во автобусите задолжително да користат безбедносни појаси, нагласувајќи дека тие можат значително да ги намалат последиците при вакви сообраќајни несреќи.

Видеоснимките и фотографиите од местото на несреќата покажуваат обемна спасувачка акција, додека надлежните продолжуваат со увидот за да ги утврдат точните причини за несреќата.

ВИДЕО

Најнови вести