ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СНИМКИ ОД ИНЦИДЕНТОТ ГО ОБИКОЛУВААТ РЕГИОНОТ: Масовна тепачка помеѓу СНС и студентската листа!

(ВИДЕО) СНИМКИ ОД ИНЦИДЕНТОТ ГО ОБИКОЛУВААТ РЕГИОНОТ: Масовна тепачка помеѓу СНС и студентската листа!

Напната ситуација во Нови Сад прераснала во физичка пресметка меѓу лица поврзани со владејачката Српска напредна странка (СНС) и претставници на студентското движење.

Инцидентот се случил синоќа во централното градско подрачје, каде што најпрво дошло до вербална расправија. Според информациите објавени од српските медиуми, првично бил вербално нападнат Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа.

По вербалниот конфликт, ситуацијата ескалирала и дошло до мешаница меѓу присутните, при што биле разменети удари меѓу лица од двете страни.

Случувањата биле снимени, а видеоматеријалите потоа почнале да се шират на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, во физичката пресметка најтешко поминала советничка од редовите на СНС, која била удрена со тупаница во пределот на лицето.

Инцидентот се случува во период на зголемени политички тензии во Србија, каде што во тек е предизборната кампања.

Парламентарните избори во Србија се закажани за 25 октомври, а случувањата во Нови Сад дополнително го привлекоа вниманието кон атмосферата во пресрет на гласањето.

ВИДЕО