ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ХАОС ВО ХРВАТСКИ РЕСТОРАН: Сопственик нападнал гости и удирал по детска количка, веднаш бил уапсен!

(ВИДЕО) ХАОС ВО ХРВАТСКИ РЕСТОРАН: Сопственик нападнал гости и удирал по детска количка, веднаш бил уапсен!

Сериозен инцидент се случил во стариот дел на хрватскиот град Примоштен, каде сопственик на ресторан бил уапсен откако, според наводите на сведоци и снимките објавени на интернет, агресивно нападнал гости кои седеле во соседен угостителски објект.

Според хрватските медиуми, видеото од инцидентот брзо се проширило на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш реагирала и го привела осомничениот. Во тек е кривична истрага за да се утврдат сите околности на случајот.

Општина Примоштен соопшти дека инцидентот се случил во стариот центар на градот, а според изјавите на локалните жители, во него учествувал Анте Лукета, сопственик на ресторанот „Рудина“. Како што наведуваат, неговото однесување било насочено кон гостите на соседниот ресторан.

На снимката се гледа како маж носи две дрвени кутии со натпис „Ресторан Рудина“, по што со нив удира во детска количка поставена во тесната улица пред локалот. Во еден момент, еден од присутните станува и тргнува кон него, а видеото завршува.

Од Општина Примоштен остро го осудија инцидентот и побараа брза реакција од надлежните институции.

„Остро осудуваме секаков облик на агресивно, заканувачко или несоодветно однесување кон гостите на угостителските објекти, особено кога таквото однесување може да ја загрози безбедноста на луѓето. Доколку видеото верно го прикажува она што се случило, тоа е однесување кое предизвикува сериозна загриженост и бара итна проверка на сите околности од страна на надлежните институции“, соопштија од општината.

Тие додаваат дека секој инцидент кој може да претставува закана за безбедноста на граѓаните и туристите мора детално да биде истражен.

Полицијата продолжува со истрагата, по која ќе биде донесена одлука за понатамошната постапка против уапсениот сопственик на ресторанот.

ВИДЕО